• сабота, 23 ноември 2024

Викторов: Русија ги смета за неприфатливи идеите за меѓународна контрола врз Газа

Викторов: Русија ги смета за неприфатливи идеите за меѓународна контрола врз Газа

Москва, 27 ноември 2023 (МИА) - Русија ги смета за неприфатливи идеите за воспоставување меѓународна контрола врз Појасот Газа или негова поделба како резултат на конфликтот, изјави рускиот амбасадор во Израел, Анатолиј Викторов, за телевизијата „Россија-24“.

-Постојат апсолутно неприфатливи, измамнички идеи за некаква меѓународна контрола врз Појасот Газа, за некаква поделба на Појасот Газа, не зборувам за овие апсолутно неприфатливи идеи, дека е неопходно да се пресели населението на Појасот Газа некаде надвор и на тој начин да се реши прашањето, рече рускиот дипломат, пренесе Тасс.

„Главната работа што е потребна е силна меѓународна поддршка. Јасно е дека преговарачкиот процес не само што заглавува, туку ја одразува вистинската сложеност на овој проблем, во кој се испреплетени многу работи“, додаде рускиот амбасадор.

Викторов потсети на улогата на „квартетот“ меѓународни посредници.

-Отсекогаш велевме дека Квартетот треба да дејствува во тесна координација и меѓусебна врска пред се со регионалните држави, тие се заинтересирани пред се за враќање на мирот и стабилноста, рече тој. сд/

фото:Википедија

Остани поврзан