• понеделник, 23 декември 2024

Русија ја тестира подготвеноста на единиците опремени со нуклеарни проектили Јарс

Русија ја тестира подготвеноста на единиците опремени со нуклеарни проектили Јарс

Москва, 18 октомври 2024 (МИА) - Русија ја тестира борбената готовност на единицата опремена со интерконтинентални балистички ракети Јарс во регионот северозападно од Москва, соопшти Министерството за одбрана.

Јарс, кој може да се распореди во силоси или да се монтира на мобилни фрлачи, има домет до 11.000 километри и е способен да испорача повеќе нуклеарни боеви глави. Русија оваа година спроведе серија нуклеарни вежби, за кои безбедносните аналитичари велат дека се сигнали наменети да го одвратат Западот од подлабока интервенција во војната во Украина. Последната се случува во истата недела кога НАТО ја одржа својата годишна нуклеарна вежба и украинскиот претседател Володимир Зеленски го претстави својот „план за победа“.

Рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец изјави дека Москва го проширила списокот на сценарија кои би можеле да ја натераат да употреби нуклеарно оружје, со што го намалила прагот за нивна употреба. Украина ја обвини Москва за нуклеарна уцена.

Во најновиот тест, единицата во регионот Твер ќе вежба придвижување на ракетите Јарс на земја на оддалеченост до 100 километри под камуфлажа и нивна заштита од воздушни напади и непријателски диверзантски групи, соопшти Министерството за одбрана.

Русија претходно спроведе две рунди вежби во кои беа вклучени ракетните единици Јарс во јули. Таа, исто така, одржа три групи вежби оваа година за тестирање на подготовките за лансирање на тактички нуклеарни ракети, кои имаат помал дострел и помала моќност од интерконтиненталните стратешки ракети. За време на војната, Путин често потсетуваше дека Русија го има најголемиот нуклеарен арсенал во светот, но инсистираше на тоа дека не треба да прибегнува кон нуклеарно оружје за да постигне победа во Украина. паг/



Остани поврзан