• сабота, 23 ноември 2024

Русија ја обвини Украина дека користела американски ракети за да нападне цивилни цели во Луганск, при што загинале тројца

Русија ја обвини Украина дека користела американски ракети за да нападне цивилни цели во Луганск, при што загинале тројца

Москва, 7 јуни 2024 (МИА) - Руското Министерство за одбрана ги обвини вооружените сили на Украина дека денеска истрелале пет ракети АТАКМС, испорачани од САД, врз источниот украински град Луганск, кој е под контрола на Русија.

Руското Министерство за вонредни состојби соопшти дека во нападот загинале три лица, а 35 се повредени, меѓу кои и деца, пренесоа британските медиуми.

Како што посочи руското Министерство за одбрана, четири од петте проектили биле соборени од системи за противвоздушна одбрана, но еден од нив погодил станбен блок.

-Денеска во 11 часот по московско време, режимот во Киев изврши злосторство против цивилното население на Народната Република Луганск користејќи оружје обезбедено од Запад. Станбените области на градот Луганск беа цел на пет ракети АТАКМС од американско производство, соопшти Министерството за одбрана, цитирано од руските медиуми.

Специјалниот пратеник на руското МНР, Родион Мирошник, предупреди дека е „можен е втор ракетен напад“.

Во моментов нема реакција од украинска страна за тоа што се случило. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан