• сабота, 23 ноември 2024

Русија стави вето во ОН за едногодишно продолжување на овластувањето за прекугранична помош за Сирија

Русија стави вето во ОН за едногодишно продолжување на овластувањето за прекугранична помош за Сирија
Њујорк,  8 јули 2022 (МИА) -   Русија денеска стави вето во Советот за безбедност на ОН на предлогот за резолуција со која ќе се продолжи испораката на прекугранична хуманитарна помош за Сирија за една година без дозвола на Дамаск, прифаќајќи само шестмесечно продолжување. Предлогот за резолуција беше поднесен од Норвешка и Ирска. Дозволата за прекуграничен превоз истекува во недела. Таа дозвола е во сила од 2014 година, а помошта се доставува преку преминот Баб ал-Хава на сириско-турската граница до повеќе од 2,4 милиони луѓе во северозападниот регион Идлиб, што е под контрола на екстремистичките групи и бунтовниците. Од 15 земји-членки на Советот за безбедност на ОН, 13 гласаа за предлогот. Кина, која често претходно ставаше вето заедно со Русија, овојпат беше воздржана. зш/

Остани поврзан