• среда, 25 декември 2024

Русија со најголем број случаи на Ковид-19 од 1 мај

Русија со најголем број случаи на Ковид-19 од 1 мај
Москва, 21 јули 2022 (МИА) - Изминатите 24 часа, Ковид-19 случаите во Русија се зголемија за 6.391 на вкупно 18.511.120, информираше денеска Центарот за борба против коронавирусот. Стапката на раст е највисока од 1 мај, кога земјата регистрираше 7.047 случаи. Во изминатите 24 часа, во Русија се хоспитализирани 1.195 лица со Ковид-19, за 7,7 отсто повеќе од претходниот ден. Според Центарот, случаите со Ковид-19 во Москва се зголемија за 1.763 во споредба со 1.670 случаи од претходниот ден, достигнувајќи ја бројката од 2.793.210 лица кои се заразиле со вирусот. Бројот на лица што починаа со Ковид-19 во земјата се зголеми за 42, достигнувајќи вкупно 382.039 смртни случаи со коронавирус. Ден претходно, евидентирани беа 37 починати од вирусот. бд/зш/

Остани поврзан