• петок, 26 јули 2024

Русија распореди борбени авиони со проектили во Калининград

Русија распореди борбени авиони со проектили во Калининград
Москва, 18 август 2022 (МИА) - Русија распореди три борбени авиони вооружени со хиперсонични ракети во руската енклава Калининград, соопшти руското Министерство за одбрана. Во соопштението се наведува дека во Калининградската област распоредени се и три авиони МиГ-31 со хиперсонични ракети Кинжал, како дел од стратешките мерки за одвраќање. Калининград е пристаниште, град и административен центар на Калининградската област; енклава на Русија лоцирана помеѓу Литванија и Полска. Ракетите Кинжал, што на руски значи бодеж, се невидливи за противвоздушната и противракетната одбрана на непријателот. Москва тврди дека овие проектили летаат со екстремно големи брзини, до 10 маха или 12.000 километри на час и дека во комбинација со маневарските способности, тие се исклучително тешки или невозможни за пресретнување. ми/

Остани поврзан