• четврток, 26 декември 2024

Русија на границата со Грузија отвора мобилизационен пункт

Русија на границата со Грузија отвора мобилизационен пункт
Москва, 27 септември 2022 (МИА) - На границата меѓу Русија и Грузија на контролниот пункт Горен Ларс ќе биде отворен мобилизациски пункт, соопшти Министерството за внатрешни работи на руската република Северна Осетија. Во соопштението објавено на Телеграм не се прецизира кои се причините за таквата одлука. „Сериозно се зголемува приливот на патнички возила што се движат кон Грузија. За да се намалат ризиците од незаконско однесување и создавање конфликтни ситуации, донесена е одлука на граѓаните да им се овозможи да ја преминат границата и пешки, се наведува во соопштението. Претходно на посоченото место, границата можеше да се помине само со превозно средство. Од почетокот на делумната мобилизација во Русија, на 21 септември, на граничните премини со соседните земји, каде за Русите не е потребна виза, редиците за излез од земјата се огромни. бд/ми/

Остани поврзан