• среда, 25 декември 2024

Русија: Напад со дрон врз складиште за нафта во Ростовската област, нема жртви во пожарот што следел

Русија: Напад со дрон врз складиште за нафта во Ростовската област, нема жртви во пожарот што следел

Москва, 4 мај 2023 (МИА) - Руските власти соопштија дека во текот на ноќта бил извршен напад со дрон врз складиште за нафта во Ростовската област.

Гувернерот на Ростовската област Василиј Голубјев изјави дека нема жртви во нападот со дрон врз фабриката за нафтени деривати во таа област и дека пожарот што следел по експлозијата бил веднаш изгаснат.

Тој појасни дека дронот експлодирал откако паднал на конструкција на надвозник во изградба.

„Пожарникарите не учествуваа во гаснењето на пожарот, пожарот го изгаснаа службите на компанијата. Нема жртви и повредени, штетата на конструкциите е мала“, напиша Голубјев на Телеграм. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан