• понеделник, 23 декември 2024

Русија може да одбие враќање на изнајмените авиони, подготвен нов закон

Русија може да одбие враќање на изнајмените авиони, подготвен нов закон
Москва, 10 март 2022 (МИА) - Руската влада планира да им нареди на локалните авиокомпании да плаќаат за изнајмените авиони во рубли и да им забрани да ги враќаат авионите на странски компании доколку ги откажат своите закупнини, се вели во предлог-законот објавен во четвртокот. Западните санкции наметнати како одговор на руската инвазија на Украина ги принудија руските авиопревозници да ги откажат меѓународните летови поради страв дека нивните авиони ќе бидат запленети. Санкциите, исто така, замрзнаа голем дел од девизните резерви на Русија и ги принудија властите да бараат начини да го ограничат одливот на девизи. Според законот подготвен од Министерството за транспорт, руските авиокомпании во текот на 2022 година ќе го плаќаат закупот во рубли. Доколку странскиот закуподавач го раскине договорот, специјална владина комисија ќе одлучи дали авионот може да се врати или да остане во Русија. паг/  

Остани поврзан