• сабота, 23 ноември 2024

Русија го ограничи и пристапот до Твитер

Русија го ограничи и пристапот до Твитер
Москва, 4 март 2022 (МИА) - По Фејсбук, Русија го ограничи и пристапот до социјалната мрежа Твитер, објавија руските медиуми. Според руското регулаторно тело за комуникации, Роскомнадзор, пристапот до таа социјална мрежа е ограничен на барање на Обвинителството. Претходно Роскомнадзор соопшти дека ја блокирал социјалната мрежа Фејсбук, на компанијата Мета, како одговор на ограничувањата за пристап до руските медиуми на оваа платформа. гт/

Остани поврзан