• сабота, 23 ноември 2024

Русија го казни Твитер со 118.000 долари за твитови за протести за Навални

Русија го казни Твитер со 118.000 долари за твитови за протести за Навални
Москва, 2 април 2021 (МИА) – Руски суд му изрече казна на Твитер од 118.000 долари (околу 100 илјади евра) поради тоа што социјалната мрежа не избришала твитови со кои млади луѓе се повикуваат да протестираат против затворањето на опозицискиот лидер Алексеј Навални. Според руските власти, ваквата содржина е забранета, јави Радио Слободна Европа. Ова е прва казна, но, во следните денови се очекуваат серија пресуди против американските социјални медиуми во Русија. Во моментов има случаи против Фејсбук и Јутјуб. Сите случаи се однесуваат на содржина поврзана со протести против апсењето Навални. Рускиот регулатор за комуникации Роскомнадзор ги опиша објавите за протестите како „поттикнување на тинејџери“ да учествуваат во „незаконски активности“ или „неовластени масовни настани“. Навални беше уапсен во средината на јануари под обвинение за прекршување на условната казна. Десетици илјади Руси низ целата земја одговорија на повиците и излегоа на протести на 23 и 31 јануари. јт/

Остани поврзан