• вторник, 26 ноември 2024

Русија ги прекинува консултациите со Холандија и Австралија за MX17

Русија ги прекинува консултациите со Холандија и Австралија за MX17
Москва, 15 октомври 2020 (МИА) - Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека е бесмислено да продолжат консултациите со Австралија и Холандија во врска со соборувањето на летот 17 на Малезија ерлајнс, обвинувајќи ги двете земји дека одбиваат да утврдат што се случило. Русија наведе дека спроведените истраги биле пристрасни и исполитизирани. Холандската Влада одговори дека и е „многу жал“ за одлуката на Русија да ги прекине консултациите со таа земја за соборувањето на летот МХ17. - Руската Федерација не извести дека еднострано одлучила да ги запре преговорите за одговорноста при соборувањето на летот МХ17, изјави денеска холандскиот министер за надворешни работи, Стеф Блок. Тој додаде дека Холандија во голема мера жали за оваа одлука. - Тоа е крајно болно за преживеаните, рече Блок. паг/

Остани поврзан