• недела, 24 ноември 2024

Русија – Украина инвазија: НАСТАНИ во денот

Русија – Украина инвазија: НАСТАНИ во денот
Киев, 24 март 2022 (МИА)   Според најновата разузнавачка проценка на британското Министерство за одбрана украинските сили го зголемуваат притисокот врз руските војници североисточно од Киев. Украина продолжува да извршува успешни контранапади против Русите надвор од главниот град, се наведува во извештајот Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното видеообраќање ги повика на протести луѓето од целиот светот. Тој истакна дека луѓето во целиот свет денеска, кога се навршува еден месец од руската инвазија, да излезат и да протестираат бидејќи „војната на Русија не е само војна против Украина“. Обединети нации соопштија дека околу 10 милиони Украинци морале да ги напуштат своите домови поради руската инвазија. Координаторот на ОН за хуманитарни прашања и вонредни ситуации Мартин Грифитс изјави дека околу 6,5 милиони луѓе се внатрешно раселени во Украина. Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси повторно ја нагласи „итна потреба“ да се испратат експерти и опрема во Украина за да се осигури безбедноста на нејзините нуклеарни постројки и да се спречи ризикот од тешка несреќа. Руската новинарка Оксана Баулина денеска загина при бомбардирањето на Киев. Оксана Баулина работеше за независен портал во Русија „Инсајдер“, кој најмногу известувал за корупција во руската Влада. Во гранатирањата на Харков, вториот по големина град во Украина, досега се уништени над 1.000 станбени згради, изјави градоначалникот Ихор Терехов. Градот, што се смета за клучна цел на руските напаѓачки сили и претрпе неколку недели тешки напади, се наоѓа на само 30 километри од руската граница. Шведска испраќа дополнителни 5.000 противтенковски оружја во Украина. Шведска ја прекина својата неутралност на крајот од Студената војна, но официјално останува надвор од воените сојузи. Земјата не е членка на НАТО, иако е партнер на Алијансата од средината на 90-тите години од минатиот век. СЗО: Досега 64 напади врз здравствени установи во Украина. – СЗО потврди 64 напади врз здравствени установи од почетокот на војната, а ние сè уште сме во процес на проверка на натамошни напади, истакна генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. Прва проценка на НАТО: Во Украина досега загинале меѓу 7.000 и 15.000 руски војници За време на руската инвазија врз Украина во главниот град Киев загинаа 264 цивили, меѓу кои и деца, изјави денеска градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска пред Европскиот парламент изјави дека одговорните за злосторствата извршени во Украина, која Русија ја нападна пред еден месец, ќе се соочат со „меѓународната правда“. Зеленски пред француските пратеници и сенатори: Мариупол и другите погодени градови потсетуваат на урнатините на Верден Повеќе противвоздушни ракети „Стрела“ се на пат кон Украина од Германија, изјави во средата во Берлин германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок.

Остани поврзан