• петок, 26 јули 2024

Русинка си го уби мажот по кавга околу ручекот

Русинка си го уби мажот по кавга околу ручекот
Архангелск, 4 февруари 2020 (МИА) - Русин со животот плати една своја забелешка дека неговата сопруга не се справува добро во кујната... Убиството се случило во градот Корјажма, во Архангелската Област. Семејството имало гости и кога сите седнале на масата, сопругот на домаќинката ѝ упатил груба забелешка дека „јадењето не чини”. Следувала караница, па мажот потоа ја удрил во лицето. Тогаш, 52-годишната жена зела кујнски нож и го избодела. Гостите веднаш викнале брза помош, но додека лекарите да пристигнат, сопругот починал. Истражните органи соопштуваат дека жената најверојатно ќе биде осудена на подолга казна затвор. си/ссм/

Остани поврзан