• понеделник, 23 декември 2024

Рунтевски: Водата во Берово по направената реконструкција на Филтер станицата е исправна за пиење

Рунтевски: Водата во Берово по направената реконструкција на Филтер станицата е исправна за пиење

Берово, 5 ноември 2023 (МИА) - Водата од градскиот водовод во Берово е исправна за пиење. Информацијата за МИА ја потврди директорот на комуналното претпријатие „Услуга“, Илија Рунтевски, кој рече дека по извршената реконструкција на Филтер станицата и трите направени анализи од Институтот за Јавно здравје, претпријатието доби и официјална потврда за бактериолошка исправност на водата за пиење. 

-Реконструкцијата на станицата беше предводено да трае еден месец, но поради непредвидени активности се оддолжи скоро два месеци. Реконструкцијата шродолжува и понатаму, сега е пуштена водата, процесот е стабилизиран и можеме да објавиме дека водата е чиста и исправна за пиење, рече Рунтевски.

Процесот поради продолжување на целосната реконструкција моментално се одвива во мануелна форма, а се очекува наскоро функционирањето на станицата да биде и автоматизирано.

-Досега работите опфаќаа, таложникот е целосно реконструиран, испескарен преман со најеколошки и најсовремени бои, заменета е комплетно целата влезна шахта со сите нејзини делови мешачи и дозерно одделение. Исто така и филтрите се испескарени и префарбани со еколошки бои само за оваа намена, а во процес е и реконструкција на одделението за хлорирање на водата. Битно е дека процесот се одвива нормално и дека водата е исправна за користење за пиење и за домаќинствата, додаде Рунтевски.

Филтер станицата е пуштена во 1984, 85 година, пред 15 години со помош на белгиска донација е направена мала реконструкција, а денешната е првата комплетна реконструкција од нејзиното постоење направена со средства од Министерството за животна средина. вс/сх/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан