• понеделник, 16 декември 2024

Руни сака да му биде помошник на Гвардиола во Сити

Руни сака да му биде помошник на Гвардиола во Сити

 

Лондон, 21 февруари 2024 (МИА) – Поранешниот легендарен напаѓач на Манчестер јунајтед, а сега тренер, Вејн Руни, изјави оти би му претставувале чест да му биде помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер сити.

„Доколку Пеп Гвардиола би ме повикал да бидам дел од неговиот стручен штаб би ја прифатил таквата идеја, Би отишол во Манчестер сити“, изјави Руни за англиските медиуми.

Руни на 16-годишна возраст дебитираше за Евертон, а една година подоцна стана англиски репрезентативец. На 20 години го облече дресот на Јунајтед за кој на 559 натпревари постигна рекордни 253 голови. До неодамна беше и најдобар стрелец во историјата на англиската репрезентација.

Руни, кој на почетокот на оваа година доби отказ на тренерското место во второлигашот Бирмингем, истакна дека би можел многу да научи од Гвардиола како негов помошник.

„Погледнете ги резултатите кои Микел Артета ги постигнува на клупата на Арсенал. Прилично сум верен дека добар дел од тоа што сега го применува го научил за време на соработката со Гвардиола. За мене Пеп е најдобриот тренер во светот“, порача Руни. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан