• петок, 08 ноември 2024

РТБФ: Убиен извршителот на синоќешниот напад во Брисел 

РТБФ: Убиен извршителот на синоќешниот напад во Брисел 

Брисел, 17 октомври 2023 (МИА) – Белгиската полиција го застрела и уби 45-годишен Тунижанец, Абдесалем Ал Гуилани, кој беше осомничен за синоќешното убиство на двајца шведски фудбалски навивачи во Брисел, објави телевизија РТБФ. 

Според телевизијата, како што јави дописникот на МИА од Брисел, извршителот на нападот, кој властите го оквалификуваа како „терористички“, бил прогласен за мртов набргу откако бил пренесен в болница.  

Ал Гуилани бил застрелан во кафуле во бриселската населбата Скарбек при полициската акција за негово апсење, која започна синоќа откако тој уби двајца шведски државјани и рани трет. 

Белгиската министерка за внатрешни работи Анелис Верлинден, претходно, соопшти дека мажот осомничен за синоќешното убиство на двајцата шведски државјани во Брисел е застрелан од полицијата и е пронајдено автоматското оружје со кое е извршен нападот.  

- Имаме добра вест дека го најдовме лицето, изјави Верлинден за радиото ВРТ. 

Градоначалникот на Брисел, Филип Клоз, пак, за телевизијата БФМ изјави дека „се чини оти осомничениот навистина е неутрализиран“. 

Портпаролот на белгискиот обвинител Ерик Ван Дајсе потврди дека полицајци отвориле оган при апсењето на осомничениот, но одби да даде повеќе детали. 

Belgian police have gunned down the man responsible for the fatal shooting of two Swedish nationals in Brussels on Monday, the country's interior minister said.

Белгискиот премиер Александер де Кро оцени дека станува збор за „кукавички терористички напад“ 

- Напаѓачот избра за мета двајца шведски фудбалски навивачи, додаде Де Кро. 

Ал Гуилани синоќа на социјалните мрежи објави видео со кое презеде одговорност за убиствата, тврдејќи дека е припадник на Исламската држава и дека нападот го извршил во „име на Алах“. 

Според белгискиот министер за правда Винсент Ван Квикенборн, Ал Гуилани илегално престојувал во земјата, откако во ноември 2019 година властите го одбил неговото барање за азил. Тој на полицијата и бил познат за поврзаност со шверц на луѓе. сп/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан