• сабота, 23 ноември 2024

Рохани: Протестите за вода се легитимни

Рохани: Протестите за вода се легитимни
Техеран, 22 јули 2021 (МИА) – Претседателот на Иран, Хасан Рохани денеска изјави дека демонстрациите против недостиг на вода во југозападниот дел од земјата се легитимни. - Протестите на луѓето во провинцијата Кузестан се легитимни, но, тие не треба да им дозволуваат на непријателите на Иран да ги искористат во политички цели, посочи Рохани. Иранскиот претседател ги замоли демонстрантите да се дистанцираат од „негативците“ кои се подготвени да употребат насилство и кои имаа сосема различни цели од мирните демонстранти. Во неколку градови во иранската провинција Кузестан од минатата недела се одржуваат протести поради недостиг на вода, при што загинаа двајца демонстранти и еден полицаец, а десетина се повредени. Иран често се соочува со недостиг на вода поради честите суши, а провинцијата Кузестан годинава е посебно погодена, каде температурата на воздухот се искачи на 50 степени Целзиусови. ми/

Остани поврзан