Рондо доби скршеница на палецот и ќе пропушти два месеца
- Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Раџон Рондо го скрши палецот на десната рака. Тој ќе пропушти 6-8 недели, според инсајдерот на „ЕСПН“ Рејчел Николс.

Орландо, 13 јули 2020 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Раџон Рондо го скрши палецот на десната рака. Тој ќе пропушти 6-8 недели, според инсајдерот на „ЕСПН“ Рејчел Николс.
Триесет и четиригодишниот играч се повреди за време на вчерашниот тренинг во Орландо. Операцијата е закажана за оваа недела.
Се очекува Рондо да се врати на теренот на крајот од првото до почетокот на второто коло од плеј-офот. зс/