Роналдо со ново историско достигнување
- Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо постигна гол синоќа на натпреварот од 25. коло на италијанскиот шампионат против Специја (3:0). За него, овој погодок беше 20-ти сезонава во Серија
![Роналдо со ново историско достигнување](https://mia.mk/index.php/images/20221106124454_big_730x400_9.webp )
Торино, 3 март 2021 (МИА) – Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо постигна гол синоќа на натпреварот од 25. коло на италијанскиот шампионат против Специја (3:0). За него, овој погодок беше 20-ти сезонава во Серија А.
Триесет и шестгодишниот Португалец стана првиот играч во историјата на фудбалот кој постигнал најмалку 20 гола во националната лига во 12 последователни сезони.
Претходно, Роналдо играше за Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и Спортинг Лисабон. зс/