Роналдо нов рекордер во саудиската лига по голови во една сезона
- Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо го собори рекордот на шампионатот на Саудиска Арабија по постигнати голови во една сезона.

Ријад, 28 мај 2024 (МИА) – Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо го собори рекордот на шампионатот на Саудиска Арабија по постигнати голови во една сезона.
Во понеделник, 27 мај, 39-годишниот Португалец постигна два гола во натпреварот од 34. коло со Ал-Итихад (4:2). Овие голови беа 34. и 35. за фудбалерот во тековната лигашка сезона.
Претходниот рекорд му припаѓаше на напаѓачот на Ал-Итихад, Абдеразак Амдала, кој постигна 34 гола во сезоната 2018/19.
Вкупно, Роналдо има 46 постигнати голови и 13 асистенции на 45 натпревари во сите натпреварувања во сезоната 2023/24.
На 21 мај се дозна дека Роналдо е вклучен во составот на португалската репрезентација за Европското првенство 2024 година. зс/
Фото: ЕПА