Роналдо ги именуваше петте играчи кои според него требаше да ја добијат Златната топка
- Поранешниот бразилски напаѓач Роналдо именува пет играчи кои заслужија да ја добијат „Златната топка“, но не ја освоија наградата.

Рио де Жанеиро, 9 мај 2020 (МИА) - Поранешниот бразилски напаѓач Роналдо именува пет играчи кои заслужија да ја добијат „Златната топка“, но не ја освоија наградата.
- Јас би рекол дека има четири играчи кои не ја освоија Златната топка, а требаше да ја поседуваат. Тоа се Алесандро Дел Пјеро, Паоло Малдини, Франческо Тоти и Раул.
Исто така, на оваа листа би го додал и Роберто Карлос, кој беше двапати втор зад мене, изјави Роналдо на Инстаграм во живо во разговор со Дел Пјеро.
Роналдо двапати ја доби Златната топка: во 1997 и во 2002 година. зс/