• сабота, 21 декември 2024

Роналдо веќе не е член на Манчестер јунајтед

Роналдо веќе не е член на Манчестер јунајтед
  Манчестер, 22 ноември 2022 (МИА) – Манчестер јунајтед и португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо спогодбено ставија крај на соработката, соопшти вечерва англискиот фудбалски прволигаш. - Клубот сака да му заблагодари на Роналдо за придонесот за време на двата негови ангажмани на „Олд Трафорд“. Постигна 145 голови на 346 натпревари. Нему и на неговото семејство им посакуваме сè најдобро во иднина, соопшти Манчестер јунајтед. - Сите во Манчестер јунајтед се фокусирани на работата со тренерот Ерик тен Хаг за да постигнеме најдобри можни резултати на теренот, се додава во краткото клупско соопштение. Двете страни се разидоа по контроверзното интервју на Роналдо за TalkTv претходно овој месец, во кое 37-годишниот Португалец изнесе бројни навреди кон клубот и тренерот Тен Хаг. Веста дека веќе не е член на клубот за кој настапуваше од 2003 до 2009 година, а се врати во август лани, Роналдо ја дочека во Катар каде в четврток со репрезентацијата на Португалија го очекува премиерниот натпревар на Мундијалот против Гана. ег/

Остани поврзан