Рома се засили со Ермосо
- Централниот дефанзивец Марио Ермосо е играч на Рома, официјално објавија „волците“. Тој пристигнува како слободен играч по разделбата со Атлетико Мадрид.

Рим, 3 септември 2024 (МИА) - Централниот дефанзивец Марио Ермосо е играч на Рома, официјално објавија „волците“. Тој пристигнува како слободен играч по разделбата со Атлетико Мадрид.
Договорот на 29-годишниот шпански дефанзивец е на три години со опција за продолжување на уште две.
Тој ќе го носи бројот 22 на стадионот Олимпико.
Шпанските медиуми тврдат дека Ермосо преговарал и со Интер и Наполи, но клучен за неговиот трансфер во Рома бил личниот разговор со тренерот Даниеле Де Роси. дс
Фото: Рома