• сабота, 23 ноември 2024

Рома му нуди нов договор на Де Роси

Рома му нуди нов договор на Де Роси

Рим, 4 март 2024 (МИА) - Раководството на Рома е импресионирано од работата на Даниеле Де Роси и планира да му понуди нов договор.

Четириесет годишниот стручњак го презеде тимот откако Жозе Мурињо доби отказ во јануари. Потоа потпиша 6-месечен договор според кој ќе добие 500.000 евра.

Де Роси го предводеше тимот до шест победи во нивните последни седум натпревари во Серија „А“. Шефовите на „Волците“ се импресионирани од тоа како тој успеа веднаш да го подигне тимот и да постигне резултати, како и од одличниот однос со играчите.

Според италијанските медиуми, тие се подготвени да му понудат двегодишен договор со значително зголемување на платата. дс  

Фото: Фејсбук/Рома

Остани поврзан