Рома е подготвена да понуди 25 милиони евра за Милик
- Напаѓачот Наполи, Аркадиуш Милик може да ја продолжи кариерата во Рома, објави новинарот Николо Скира.

Рим, 13 септември 2020 (МИА) - Напаѓачот Наполи, Аркадиуш Милик може да ја продолжи кариерата во Рома, објави новинарот Николо Скира.
Според изворот, римскиот клуб е подготвен да понуди 25 милиони евра за 26-годишниот Полјак во пет транши. На самиот играч му беше понуден петгодишен договор со плата од 4,5 милиони евра годишно.
Во сезоната 2019/20, Милик одигра 35 натпревари за Наполи и постигна 14 погодоци. Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на Полјакот на 32 милиони евра. зс/