• среда, 25 декември 2024

Роман Головченко нов премиер на Белорусија

Роман Головченко нов премиер на Белорусија
Минск, 4 јуни 2020 (МИА) - Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко го назначи Роман Головченко за нов премиер на земјата, јави агенцијата БелТа. Според шефот на државата, кој неодамна предупреди на претстојните промени во владата, ова не е невообичаено, туку „природен процес“.

Лукашенко вчера потпиша указ со кој ја распушти целата влада.

На 25 мај, Лукашенко ги објави плановите за смена на владата пред претседателските избори на 9 август. Тој е на власт од 1994 година и се очекува да освои шести мандат.

Според информациите на интернет порталот Tut.by, тој изјавил дека ќе назначи вршители на должност, а по изборите, доколку кабинетот работи добро, тој ќе го одобри. паг/    

Остани поврзан