Романските граничари откриле 62 сириски мигранти на граничниот премин со Бугарија
- Романската гранична полиција откри 62 сириски државјани скриени во полуприколка и во товарниот дел на камион на преминот Калафат кон Бугарија, соопшти денеска романскиот Генерален инспекторат на Граничната полиција.
![Романските граничари откриле 62 сириски мигранти на граничниот премин со Бугарија](https://mia.mk/index.php/images/20240516111530_big_730x400_52.webp )
Букурешт, 16 мај 2024 (МИА) - Романската гранична полиција откри 62 сириски државјани скриени во полуприколка и во товарниот дел на камион на преминот Калафат кон Бугарија, соопшти денеска романскиот Генерален инспекторат на Граничната полиција.
Камионот, регистриран во Литванија, го управувал 33-годишен возач од оваа земја, а на релација Бугарија-Унгарија превезувал вреќи земја за цвеќе.
Во полуприколката биле скриени 33 лица, 31 маж и две жени од Сирија, а камионот наводно тргнал од Софија. рп/
Фото: ЕПА