Романскиот претседател ја истакна важноста на борбата против руските хибридни напади
- Романскиот претседател Клаус Јоханис ја истакна важноста на борбата против руските хибридни напади, кои вклучуваат дезинформации, кибер напади и манипулации преку социјалните медиуми, особено во контекст на изборите.

Брисел, 20 декември 2024 (МИА) - Романскиот претседател Клаус Јоханис ја истакна важноста на борбата против руските хибридни напади, кои вклучуваат дезинформации, кибер напади и манипулации преку социјалните медиуми, особено во контекст на изборите.
На Самитот на Европскиот совет, Јоханис предупреди на закани, не само за поединечни држави, туку и за демократските општества воопшто, наведувајќи ги изборите во Романија и Молдавија како клучни примери.
Романскиот претседател повика на поголема координација во ЕУ за да се развијат ефективни алатки за борба против странското влијание. мс/
фото: МИА архива