• вторник, 23 јули 2024

Романо: Севилја и Виљареал заинтересирани за Димитриевски

Романо: Севилја и Виљареал заинтересирани за Димитриевски

Мадрид, 12 ноември 2023 (МИА) - Голманот на Рајо Ваљекано, Столе Димитриевски е на списокот на интереси на Севилја и Виљареал, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо.

Според Романо, двата клуба сакаат да го ангажираат како слободен играч македонскиот репрезентативен голман. Актуелниот договор на 29-годишниот Димитриевски со Рајо Ваљекано истекува летото 2024 година.

Димитриевски оваа сезона бранеше на 13 натпревари во Примера. Прими 17 гола и шест пати ја зачува мрежата чиста.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на Димитриевски на четири милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан