• понеделник, 17 март 2025

Романо: Пулишиќ ќе го продолжи договорот со Милан до 2029 година

Романо: Пулишиќ ќе го продолжи договорот со Милан до 2029 година

Милано, 16 март 2025 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Милан, Кристијан Пулишиќ се согласил да го продолжи договорот со клубот, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо.

Дваесет и шестгодишниот Американец ќе потпише договор до 2029 година. Актуелниот договор на играчот е до летото 2027 година.

Пулишиќ оваа сезона одигра 38 натпревари за Милан, постигна 15 голови и девет асистенции.

На „Сан Сиро“ Пулишиќ пристигна во 2023 година, претходно играше за Борусија Дортмунд и Челзи. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан