• сабота, 06 декември 2025

Романот „Во длабочината на моите рани“ од Благица Каревска објавен на српски јазик

Романот „Во длабочината на моите рани“ од Благица Каревска објавен на српски јазик

Скопје, 25 јули 2025 (МИА) - Дебитантскиот роман на Благица Каревска - „Во длабочината на моите рани“ доживеа српско издание. Преводот на романот на на српски јазик е на Ана Николиќ и веќе е достапен пред српските читатели.

Како што информира издавачката куќа „Матица Македонска“, само неколку месеци по првообјавата, вистинска реткост е олку брзо по објавувањето на дебитантски роман да се случи интерес и за негов превод. Наскоро се очекува да биде објавен и нов роман од Каревска што ќе биде продолжение на нејзиното дебитантско дело.

- Читателите во Србија и сите оние што читаат книжевност во превод на српски јазик ќе имаат можност да прочитаат македонски роман со потресна приказна што ги руши границите меѓу фактот и фикцијата. Како пред македонската, така сега и пред српската читателска публикаима роман од млада македонска авторка што е спој на елементи на психолошки роман, фантастика, љубовна приказна, семејна драма и трилер, соопшти издавачот.

Според критиката, овој роман не е само поигрување со жанрот, туку е и четиво какво што ретко, читателската публика може да прочита од млад македонски автор, особено ако станува збор за дебитант.

- Затоа, покрај одгласите на критиката, романот веќе предизвика голем интерес и кај македонските читатели, што беше причина и за интересот да се објави српско издание. Се очекува, романот на Каревска веќе да е предизвик и за српската критика, а пред сѐ за српските читатели, како проза што не дозволува читателот да биде рамнодушен и пасивен, туку со секоја нова страница кај него буди нови емоции и во исто време го поттикнува на активно читње, и тој да се „впушти“ во дејството, се наведува во соопштението. мд/са/

Фото: Издавачка куќа „Матица Македонска“

 

Остани поврзан