• петок, 27 декември 2024

„Ролинг стоун“: „Еј-си-ди-си“ немаат идни планови со Аксл Роуз

„Ролинг стоун“: „Еј-си-ди-си“ немаат идни планови со Аксл Роуз
Лос Анџелес, 24 февруари 2021 (МИА) - Гитаристот на „Еј-си-ди-си“ (AC/DC), Ангус Јанг му се заблагодари на пејачот на „Ганс ен’ роузис“ - Аксл Роуз, за ​​замената на Брајан Џонсон, откако вокалистот беше принуден да замине сред турнеја, поради проблеми со слухот. Но, Јанг притоа рече дека и покрај гласините, Роуз нема да снима нова музика со австралиските рок-легенди. Во интервју за „Ролинг стоун“, Јанг го пофали Роуз и рече дека ќе му биде „засекогаш благодарен“ на вокалистот што го замени фронтменот на групата на турнејата под наслов „Камен или биста“ (Rock Or Bust). - Понекогаш кога сте во средиштето на некој настан, тешко е да донесете правилна одлука... И, тогаш ќе си речете: „Па, ќе се обидам да дадам сѐ од себе во оваа лоша ситуација“. И така, Брајан замина - тој имаше проблеми со слухот и лекарите го советуваа да не ја продолжи турнејата. Имавме неколку ангажмани и не сакав да седам во просторија полна со адвокати и да им објаснам на многу луѓе зошто ја откажавме турнејата. Па така, се појави предлогот: „Добро, можеби некој може да го замени Брајан за да можеме да ги направиме останатите свирки на закажаните термини?“ Потоа исконтактиравме со Аксел. Јас секогаш ќе му бидам благодарен за тоа. Стори сè, и тоа - многу професионално. Тоа беа навистина одлични перформанси!, раскажува Јанг. Прашан - дали имаат некакви заеднички планови за нова музичка соработка со Аксл, Јанг одговори: „Не, не. Ова никогаш не било случај“.  си/сд/

Остани поврзан