• вторник, 24 декември 2024

Ролекс го прекинува производството на десет дена поради коронавирусот

Ролекс го прекинува производството на десет дена поради коронавирусот
Женева, 18 март 2020 (МИА) - Директорот на светски познатиот производител на часовници, компанијата „Ролекс“, Жан-Фредерик Дифур ги извести колегите дека производството во три нивни фабрики ќе биде прекинато на десет дена. Дифур изрази надеж дека производството ќе продолжи на 27 март. - Се наоѓаме во многу сериозна ситуација, им напиша Дифур во порака на вработените. Одлуката е донесена за да се заштитат вработените и нивните семејства, но и да се ограничи ширењето на Ковид-19. гт/

Остани поврзан