• понеделник, 23 декември 2024

Рок-ѕвездата Томи Девито почина од коронавирус

Рок-ѕвездата Томи Девито почина од коронавирус
Лос Анџелес, 23 септември 2020 (МИА) - Музичарот Томи Девито, познат како еден од основачите на рок-групата „Четири сезони“, почина од коронавирус на 93-годишна возраст. Рокерот почина во болница во Лас Вегас, а неговата смрт на фејсбук ја потврди неговиот пријател, глумецот Алфредо Нитоли. „Мојот драг пријател Томи почина во Лас Вегас. Со голема тага го пишувам ова, седејќи во неговата дневна соба", напиша тој. Ќерката на Томи, Дарсел изјави дека наскоро ќе биде организиран помен во знак на сеќавање на нејзиниот татко. Групата „Четири сезони“ е основана 1960 година и сѐ уште постои. си/сд/

Остани поврзан