• сабота, 23 ноември 2024

Рокот за парична помош за првачињата од општина Аеродром истекува утре

Рокот за парична помош за првачињата од општина Аеродром истекува утре
Скопје, 29 септември 2021 (МИА) – Рокот за поднесување барања за еднократна парична помош за првачињата, што ја доделува Општина Аеродром истекува утре. Паричната помош е во висина од 3500 денари. - Целта на овој проект е да им ги олесниме трошоците на родителите за новиот ученик во семејството, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин. Образецот за барање за доделување еднократна парична помош за првачињата во учебна 2021/2022 година може да се подигне во Општината или онлајн на следниот линк. За овој проект Општина Аеродром издвои 3.100.000 денари. ки/дма/

Остани поврзан