Родриго ќе го замени Сон во Тотенхем
- Крилниот фудбалер на Реал Мадрид, Родриго, може да се пресели во Тотенхем, објави АС.
Мадрид, 4 август 2025 (МИА) - Крилниот фудбалер на Реал Мадрид, Родриго, може да се пресели во Тотенхем, објави АС.
Според шпанскиот спортски портал тимот од Лондон е блиску до потпишување на 24-годишниот Бразилец откако Сон Хјунг-мин го напушти клубот.
Порано беше објавено дека Ливерпул, Арсенал, Челзи и Баерн се заинтересирани за Родриго. Мадридскиот клуб бара најмалку 100 милиони евра.
Во сезоната 2024/25, Родриго играше на 54 натпревари во сите натпреварувања, постигна 14 гола и направи 11 асистенции. зс/
Фото: ЕПА