• среда, 27 ноември 2024

Родители пријавиле физички напади врз малолетници во Неготино

Родители пријавиле физички напади врз малолетници во Неготино

Скопје, 31 октомври 2024 (МИА) - Двајца родители во текот на вчерашниот ден пријавиле физички напади врз малолетници во два посебни случаја во Неготино, информираат попладнево од Секторот за внатрешни работи - Велес.

- Во 9:50 часот во полициска станица, Б.Д., 36-годишен неготинец, пријавил дека во двор од училиште во Неготино, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Известен бил јавен обвинител, Центарот за социјални работи во Неготино и се преземаат мерки за расчистување на настанот, појаснуваат од СВР - Велес.

Во 23 часот во полициска станица, Е.Ц., 31-годишна жена од неготинско село, пријавила дека во близина на музејот во Неготино, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници. Се преземаат мерки за расчистување и на овој случај. бд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан