• понеделник, 23 декември 2024

Роберт де Ниро нема да мора да плати 500 милиони долари за разводот

Роберт де Ниро нема да мора да плати 500 милиони долари за разводот
Лос Анџелес, 25 октомври 2021 (МИА) - Роберт де Ниро за спогодбата за разводот со Грејс Хајтауер, се чини, нема да мора да ѝ даде 500 милиони долари од својот имот на својата поранешна сопруга, јавија повеќе западни медиуми. Имено, Судот го одбил нејзиното барање. Она што се знае, според наводите, е дека Де Ниро ќе мора да ѝ исплатува најмалку милион долари годишно како алиментација на неговата поранешна сопруга, сè додека таа не се премажи или додека, или таа, или 71-годишниот глумец, не почине. Тој, исто така, ќе мора да ѝ обезбеди и шест милиони долари за нов дом... Двојката беше в брак 24 години пред почетокот на нивниот бурен развод во 2018 година. Според неименувани блиски извори, таа имала удел во раководењето на неговиот имот и финансии, што ѝ дава можности да му поставува „невозможни услови“. Тие имаат две деца - ќерка им Хелен Грејс и син, Елиот.  си/сд/

Остани поврзан