• вторник, 24 декември 2024

РКЕ: Цените на бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти, се намалува само цената на мазутот

РКЕ: Цените на бензините, дизелот и  екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти, се намалува само цената на мазутот

Скопје, 16 мај 2024 (МИА) - Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.

Од полноќ се намалува само малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 1,072 ден/кг и сега ќе изнесува 42,935 ден/кг.

Од ноќеска на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

-моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 84,50 (денари/литар)

-моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 86,50 (денари/литар)

-дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)

-масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)

-мазут М-1 НС 42,935 (денари/килограм)

Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 17 мај 2024 година. Оттаму додаваат дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени. сст/аа/

фото МИА архива

Остани поврзан