• четврток, 26 декември 2024

РКЕ и денеска ќе носи нова одлука за цената на нафтените деривати

РКЕ и денеска ќе носи нова одлука за цената на нафтените деривати
Скопје, 21 јули 2022 (МИА) – Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) и денеска ќе донесе нова одлука за цената на нафтените деривати. – Предусловите се исполнети, изјави портпаролката на РКЕ, Марина Узунов. РКЕ вчера ја зголеми цената на мазутот за 1,411 денари за килограм, а цените на другите деривати останаа непроменети. Согласно последната одлука на РКЕ, Мазутот М-1 НС денеска се продава за 51,455 денари за килограм, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму остана 98,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 се уште се продава за 101, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 100, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 98,5 денари за литар. вј/аа/

Остани поврзан