• четврток, 26 декември 2024

РКЕ денеска ќе носи одлука за цената на горивата

РКЕ денеска ќе носи одлука за цената на горивата
Скопје, 31 март 2022 (МИА) - Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во текот на денов ќе донесе нова одлука за цената на нафтените деривати што ќе важи од ноќеска на полноќ. Како што посочуваат од РКЕ, исполнети се предусловите за носење нова одлука. - Предусловите се исполнети, РКЕ ќе има нова одлука за цената на нафтените деривати која ќе биде на сила од 0:01 часот на 1 април, инфрормираат од Регулаторната комисија. Цените на горивата се носат врз основа на изменетиот Правилник за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати со кој РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на горивата доколку пресметката за цената на било кој нафтен дериват оди нагоре или надоле за два денара. За пресметката се зема просекот од претходните петдневни котации на берзата за секој нафтен дериват одделно и воопшто не влијае цената на суровата брент нафта на светскиот пазар. вј/сп/

Остани поврзан