• вторник, 24 декември 2024

Ристучи: Безбедносната ситуација на Косово генерално мирна, но е кревка и нестабилна

Ристучи: Безбедносната ситуација на Косово генерално мирна, но е кревка и нестабилна

Брисел, 19 јануари 2023 (МИА) – Командантот на КФОР, генерал-мајор Анџело Микеле Ристучи, денеска во Брисел, на средба со началниците на генералштабовите на земјите-членки на НАТО, изјави дека ситуацијата на Косово е главно мирна, но е „исклучително кревка, нестабилна и непредвидлива“.

„Во моментов, целокупната безбедносна ситуација на Косово е генерално мирна, но крајно кревка, нестабилна и непредвидлива поради неколку нерешени, а понекогаш и приближни прашања“, рече Ристучи.

Тој нагласи дека КФОР продолжува секојдневно и непристрасно да го извршува мандатот што му е доделен од Обединетите нации за да ја одржи безбедноста и слободата на движење и рече дека КФОР е подготвен да интервенира доколку е потребно.

Како што додаде, КФОР продолжува да работи на создавање услови дијалогот, кој се води под посредство на ЕУ, да напредува и да се консолидира.

Информирајќи ги сојузниците и партнерите за активностите на КФОР и безбедносната ситуација, Ристучи им се заблагодари за нивниот придонес и поддршка во мисијата на КФОР и ги информираше за активностите на КФОР и безбедносната ситуација. рп/

Остани поврзан