• понеделник, 16 декември 2024

Ристовски: Да спречиме да исчезне државотворноста на македонскиот народ

Ристовски: Да спречиме да исчезне државотворноста на македонскиот народ

22 април 2024 

Претседателот на ИНТЕГРА и носител на листата во изборната единица 2 на Коалицијата „Храбро за Македонија“ од Ѓорче Петров повика на масовна излезност и поддршка за бројот 3 и на претседателските избори во среда и на парламентарните избори на 8 мај.

„Македонија нашата единствена татковина е во сериозна опасност, ако вие во среда не излезете на гласачкото место и ако не заокружите „3“ ќе ја оставиме нашата татковина во немилост на сите екстремизми од дома и од соседството. Ќе го расчеречат Уставот, ќе исчезнува државотворноста на македонскиот народ, ќе станете сите безимени, ќе станеме едни од сите., рече Ристовски.
 
Тој кажа дека оваа наша татковина не ни е е дадена туку-така, за неа гинеле безброј генерации Македонци од Илинденскиот период, од антифашистичкиот период за да ни ја дадат оваа слобода што ја имаме денес. Според него, мора да се сочува Македонија, зошто нема друг излез.

„Сфатете го ова најсериозно, имате коалиција која што е храбра која што знае и на Вашингтон и на Брисел да има каже „не“. Само ние не се плашиме да ја кажеме вистината во очи. Имам бројни пријатели сенатори и конгресмени во Америка, очекуваат лидерство со достоинство, со исправена глава, не со свиена кичма“, рече Ристовски.

Тој кажа:  Мора „да оставиме трага во историски контекст дека оваа генерација Македонци се кренале да си ја сочуваат татковината бескомпромисно,  на 8 мај да ја потврдиме таа позиција, да не направите фактор во власта да не може да си поигруваат со Устав и со овој напатен народ, бидете со нас а потоа сите ние со сета сила, душа и разум ќе бидеме за вас и со вас“.

 

Љупчо Ристовски, претседател на Интегра, коалиција „Храбро за Македонија“

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан