• недела, 22 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Ристова: Пазарот во Неготино од 17 тони железо прикажан како „урбана опрема“

Ристова: Пазарот во Неготино од 17 тони железо прикажан како „урбана опрема“

12 април 2025 

Прес-конференција, Лолита Ристова, членка на Извршен одбор на СДСМ

Почитувани,

СДСМ продолжува со разобличување на скандалите и тендерските мрежи на ВМРО-ДПМНЕ во општините. 


Денес откриваме нов скандал со изградбата на затворениот пазар во Неготино. Иако помпезно го отворија Мицковски и градоначалникот Стојанов, пазарот е изграден без соодветно одобрение за градење, а се води како „поставување на урбана опрема“. 

Замислете, градоначалникот Стојанов, на фирмата МАСТЕФ ДООЕЛ и издал одобрение за поставување на урбана опрема.  17 тони железо, изградени на бетонска подлога од 420м2 со 90 тезги внатре се третираат како урбана опрема? 

Зошто е избегнато издавање на соодветно одобрение за градење во соодветна постапка. Особено од аспект на статиката и сигурноста на објектот.


Како е можно два објекти изградени во толкав габарит кој лежи на 17 тони железо да се третира како „поставување на урбана опрема“? 


И клучното прашање дали ваквиот објект над главите на неготинчани е безбеден?


Нашата загриженост е оправдана, имајќи предвид дека несоодветно поставување на материјали беа дел од причините за трагедијата во Нови Сад.


Сомнежите околу изградбата на пазарот е и од аспект на финансиски аспект.


Зад проектот повторно стои една од омилените фирми на ВМРО-ДПМНЕ – МАСТЕФ ДООЕЛ, која редовно добива тендери во општини под нивна контрола, особено со пари од унгарскиот заем.


Проценетата вредност на проектот е 25.960.000 денари, а договорот е склучен речиси за истата сума – 25.914.000. Без конкуренција, без намалување на цената, без домаќинско работење.


На прашањето колку пари на граѓаните на Неготино се потрошени за оваа зделка и дали сумите се реални ќе зборуваме детално во наредните денови.


Ако ова се потврди, ќе биде уште едно кривично дело во серијата сомнителни тендери на ВМРО-ДПМНЕ.


СДСМ

Центар за комуникации со јавноста

фото: СДСМ 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан