• петок, 15 ноември 2024

Рики Мартин покажа како си го негува лицето и кожата 

Рики Мартин покажа како си го негува лицето и кожата 
Лос Анџелес, 30 јули 2021 (МИА) - Порториканскиот поп-пејач Рики Мартин за магазинот „Вог“ покажа какви производи користи за нега на кожата на лицето. Почнал со ова кога имал само 12 години, а му требало долго време за да ја открие рутината што најмногу му одговара. - Кога ќе влезете во пубертет, вашата кожа едноставно „полудува". Тогаш морав и да се шминкам, што дополнително ја влоши состојбата. Навистина имав многу проблеми. На крајот морав и попосветено да се грижам за себе, вели Мартин .

Сега 50-годшниот пејач користи алкална вода, влошки кои ги намалуваат подочниците, хидратантна крема и коцки мраз кои ја подобруваат циркулацијата на крвта во лицето. - Нанесете спреј од морска сол на врвовите на косата... Одам на турнеја со Енрике Иглесијас во септември. Ќе ми требаат 20 шишиња од овој спреј. Или - куфер, подобро кажано!, вели Рики. Според него, кога прво се грижиш за себе, тогаш потоа може да се грижиш и за сѐ друго. - Секогаш ставај се себеси на прво место!, нагласува на крајот.

Остани поврзан