Рикер до Заев: Ве охрабруваме и вас и земјите од ЕУ да барате решение за билатералните прашања надвор од евроинтеграцијата на Северна Македонија
- Ве охрабруваме и вас, и земјите членки на Европската Унија да продолжите да барате решение за билатералните прашања надвор од процесот за интеграција на вашата земја во ЕУ и да остварувате пр

Скопје, 29 ноември 2020 (МИА) - Ве охрабруваме и вас, и земјите членки на Европската Унија да продолжите да барате решение за билатералните прашања надвор од процесот за интеграција на вашата земја во ЕУ и да остварувате прогрес во овие аспирации со отворање и затворање на поглавјата во преговорите, порача денеска помошник-државниот секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт департмент Филип Рикер во писмото до премиерот Зоран Заев.
- Високо ги оценуваме вашите напори да ги водите разговорите во духот на добра волја и да одржувате посветеност во обезбедувањето европската иднина на Северна Македонија која земјата покажа дека ја заслужува, нагласува амбасадорот Рикер во писмото.
Помошник-државниот секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт департмент истакнува дека Соединетите Американски Држави остануваат посветени во поддршката на Северна Македонија за нејзините интеграции кон ЕУ. Тој изразува разочарување што земјите членки на ЕУ не постигнаа согласност да ја одобрат преговарачката рамка за почеток на преговорите за членство на ЕУ за нашата земја.
