• среда, 27 ноември 2024

Рикер во посета на Охрид на почетокот на јули 

Рикер во посета на Охрид на почетокот на јули 

Вашингтон, 19 јуни 2021 (МИА) - Вршителот на должност, помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер од 1-ви до 3-ти јули доаѓа во посета на Охрид, а претходно ќе престојува во Милано и Тирана, соопштија синоќа од американскиот Стејт департмент.

-Амбасадорот Рикер во Охрид ќе пристигне на 1-ви јули, за да присуствува на конференцијата Пат до Преспа“ (Road to Prespa), и да ја истакне поддршката на САД за продолжителен дијалог и соработка кон стабилност и прогрес во регионот, се вели во соопштението.

Се додава дека во Охрид гостинот од САД ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Бујар Османи, и други високи официјални лица, за да разговараат за нашите заеднички приоритети за Западен Балкан.

Рикер во Тирана ќе се сретне со премиерот Еди Рама и други официјали претставници „за да разговара за американско-албанските односи и други области од заедничи интерес“. 

Рикер ќе го придружува државниот секретар Ентони Блинкон, кој од 22 до 29 јуни оди во посета на Берлин, Париз, Рим, Ватикан, Бари и Матера. кб/дма/

Остани поврзан