• сабота, 09 ноември 2024

Рикардо: Останувам во Мекларен до крајот на договорот

Рикардо: Останувам во Мекларен до крајот на договорот
Лондон, 13 јули 2022 (МИА) – Возачот во Формула 1 Даниел Рикардо порача денеска дека ќе остане во тимот на Мекларен до крајот на договорот. Шефот на Мекларен, Зек Браун, изјави неодамна дека Рикардо не ги оправдал очекувањата што ги подгреа шпекулациите дека ќе го напушти британскиот тим. Австралискиот возач, меѓутоа, ги демантираше гласините. - Имаше доста шпекулации околу мојата иднина во Формула, но сакам тоа да го слушнете од мене. Посветен сум на Мекларен до крајот на следната година и нема да го напуштам овој спорт. Честопати не е лесно, но кој сака да биде лесно?, објави Рикардо на својот Твитер профил. ег/паг/

Остани поврзан