Рибери: Бев блиску до ампутирање на ногата
- Франк Рибери, кој имаше извонредна кариера, сподели како бил блиску до ампутирање на ногата на крајот од кариерата кога бил во Салернитана. Причината беа компликации по операцијата на коленото, која се случи во 2022 година.

Салернитана, 22 март 2025 (МИА) - Франк Рибери, кој имаше извонредна кариера, сподели како бил блиску до ампутирање на ногата на крајот од кариерата кога бил во Салернитана. Причината беа компликации по операцијата на коленото, која се случи во 2022 година.
-Болката во коленото ми се влошуваше, дури не тренирав меѓу натпреварите за да можам да се опоравам и да го поштедам своето тело. Почнав со два дена одмор, па стана три, па четири... Го изгубив ритамот на играње за да си го спасам телото. Прегледите покажаа дека немам рскавица на коленото и бев опериран во Австрија. Операцијата помина добро, ми ставија титаниумска плоча во коленото, но пет месеци подоцна се појави тешка инфекција. Морав да пијам апчиња два месеци по ред и ја отстранивме плочата. Инфекцијата почна да ми го јаде месото. Беше толку лошо што имав дупки по целата нога, изјави Рибери за „Екип“.
Тој ја фатил бактеријата „стафилокока ауреус“ и бил примен како итен случај, повторно во Австрија, во период од 12 дена.
-Бев многу исплашен, беше блиску до тоа да ми ја ампутираат ногата, но хирургот што ме оперираше беше одличен и на крајот сè помина добро, додаде поранешниот ас на Баерн Минхен, кој ја заврши кариерата на 20 октомври 2022 година. дс
Фото: Архива